top of page
  • Roberto Aceski

Со ова вашите клиенти ќе мислат само за вас.

Разговарав со еден пријател и во контекст на нашиот разговор беше накратко спомната косилка.


Кога го отворив телефонот 5 минути подоцна, забележав дека секоја втора реклама е за косилка или некоја услуга за косење трева. Му кажав на телефонот да не ме шпионира цело време и продолжив со мојот ден.


Така повеќето луѓе реагираат на рекламите што ги гледаат на интернет.


Дури и ако се заинтересирани за тој производ/услуга, тие нема секогаш да имаат време или да забораваат да купат.


Од таа причина користиме ретаргетирање и до крајот на оваа статија ќе знаете точно како ретаргетирањето може да ви даде најдобар поврат на инвестицијата за вашиот буџет за реклами.


Потенцијалните клиенти не купуваат веднаш, тие сакаат да бидат водени.


За да ја разбереме состојбата на свесноста на потенцијалните клиенти за нашиот производ, треба да одговориме на некои прашања. Ова го правиме за да ги запознаеме поубаво.


Кога продаваме на потенцијални клиенти, имаме за цел да ја задоволиме желбата на клиентот или да го решиме неговиот проблем.


Но, колку е свесен тој за таа желба?


Колку е голем проблемот за него?


Дали знае дека постои проблем или желба или знае дека може да се задоволи?


И ако знае дека постои решение за неговиот проблем дали знае дека вашиот производ/услуга може да ја задоволи неговата желба?


Одговорот на овие прашања е како да ја тргниме завесата и да ѕирнете во главата на нашиот потенцијален клиент.


Ова ќе ни каже точно како да дојдеме до него и колку побрзо ќе се појавиме пред потенцијалните клиенти, толку побрзо ќе можете да ги претворите во купувачи.


Идеално, сакаме да излеземе пред перспективните клиенти кога тие се свесни за проблемот и бараат решение.


Но, дури и ако го правите тоа, нема гаранција дека потенцијалниот клиент ќе купи од вас.


Каде доаѓа ретаргетирање?


Едноставно, користиме ретаргетирање за да ги потсетиме дека постоиме. Тоа го правиме со користење на најстарата техника продажна техника во светот.


Давајќи им бесплатни работи, во нашиот случај им даваме бесплатна вредност.


Досега невидена вредност која знајме дека ќе му биде од интерес. Правејќи го ова, активираме примарен рефлекс што го имаат сите луѓе.


Овој рефлекс беше ист пред 2000 години и ист е и сега.


Се вика Рефлекс на Реципроцитет.


Кога некому ќе му обезбедите нешто, било да е тоа бесплатна вредност на Фејсбук или на улица, тој ќе се чувствува должен да ви ја врати услугата.


Да се вратиме на ретаргетирање, кога ќе им дадеме дополнителна вредност на клиентите кои веќе не имаат сретнато со нивниот рефлекс на реципроцитет тие ќе почувствуваат потреба да ни го возвратат гестот.


Со тоа ги принудуваме да возвратат на услугата со купување на нашиот производ или услуга.


P.S. Сакате да ги погледнам вашите реклами и да видам од каде можеме да започнеме со ретаргетирање?

Можете да ме контактирате во секое време со пополнување на овој формулар.

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page