top of page
  • Roberto Aceski

Како Овој Принцип Може Да Ги Направи Вашите Реклами 10 Пати Подобри

Првиот пат кога направив реклама беше за локалниот бизнис на моите родители и немав поим што правам.


Но, направив нешто што повеќето реклами се мачат да го направат, и на мое изненадување рекламата беше всушност ефективна и го правеше она што треба да го направи.


Донесе повеќе клиенти.


Меѓутоа, бидејќи не знаев зошто првата реклама беше успешна, оние што ги направив покасно пропаднаа.


Гледајќи наназад сега лесно е да се разбере каде сето тоа тргна наопаку.


Дозволете Ми Да Објаснам.


Повеќето реклами што ги гледате денес се како бодибилдери на стероиди, можеби изгледаат кул, но деловите што треба да направат нешто се бескорисни.


Бескорисни се и рекламите кои се полни со стероиди и нудат сè под ѕвездите.


Зошто ?


Ги прават најголемите грешки што може да ги направи една реклама. Тие ги збунуваат читателите.


И единственото нешто што ќе го направи збунет муштерија е единственото нешто што можат и тоа е ништо.


Како Да Не Направит Рекламно Кривично Дело.


Некој кога гледа на интернет не сака да прескокнува низ пречки, да решава загатки или да се движи низ 10 различни страници откако ќе наиде на вашата реклама.


Најголемиот интерес го имаат кога ќе ја видат вашата реклама за прв пат.


И зборувањето за 3 различни работи што ги нудите и 1 е-книга што тие мора да ја добијат само ќе ги збуни.


И никој не сака да биде збунет, тие сакаат да се чувствуваат како да разбираат што се случува и знаат што да прават.


Значи, она што сакате да го направат треба да биде многу едноставно и јасно.


По можност дајте им само една работа. Но, не само што треба да биде едноставно, туку треба да им кажете што да прават.


Замолете ги да направат една работа, да го олеснат процесот што е можно повеќе.


Направете Го Ова За Секогаш Да Бидете Сигурни Дека Вашите Реклами Се Едноставни


Вака можете да го користите овај принцип за да ги направите вашите реклами лесни за следење.


Тоа е принцип наречен "Occam's razor".


И тој кажува дека најчесто најдобриот пат е наједноставниот.


Гледајќи ги нашите реклами на овој начин ќе можеме да направиме најлесно да биди за идеални клиенти да направат она што сакаме да направат.


Замислете да користите брич за да ги отсечете сето непотребно ѓубре од рекламата и да ги оставите само важните делови внатре.


Тоа ќе гарантира дека вашите реклами ќе бидат лесни за разбирање и тешко да збунат некого.


П.С. Ако сакате да видам што можам да отсечам и да ви ги поедноставам рекламите, можете да ме контактирате тука.

Comments


bottom of page