top of page
  • Roberto Aceski

Како да ги подобрите вашите реклами преку ноќ со еден лесен трик.

Updated: Jun 2

Повеќето реклами денес се таму за губење пари. Истражувањето за тоа само ви носи главоболки и не ве води никаде. Али ако го научите овој едноставен трик, ќе можете да ги трансформирате вашите реклами за да пресечат сè и да седнете директно во скутот на вашите клиенти.


Сакате вашите реклами да престанат да трошат пари, да привлечат повеќе внимание и да ви донесат повеќе клиенти?

До крајот на оваа статија ќе знаете точно како да го примените овај трик за вашите реклами да работат за вас.



Првиот пат кога направив реклама беше пред 10 години. Тоа беше за локалниот бизнис на моите родители.


Успешно ги убедив да почнат да објавуваат реклами на Фејсбук.


Затоа што тоа го прават другите популарни деца.


Сега, ако ме прашавте што планирам за рекламата, ќе ви се насмеев и ќе ви реков „да ја видат луѓето“. Гледајќи назад сега, се спремав за пропаст.



Можете да замислите дека рекламата не направи ништо освен што ги изгоре сите пари што ги имав.


Како разпален оган среде зима ги изеде сите пари, но не даде ништо за возврат.


Можете да замислите дека моите родители не беа баш задоволни со моите маркетинг способности.


Како Можете да Бидете Сигурни Дека Нема да ги Запалите Вашите Пари?


Сакав да го знам тоа и јас. Почнав да гледам што прават другите конкуренти, а не само конкурентите, ги гледав сите што објавуваа реклами.


И забележав нешто. Исто како и јас, повеќето од нив немаа поим што прават, секоја втора или трета реклама беше куп зборови што личеа на реченица. Тие беа реклами, но немаа цел.


Тие само постоеја.. Лебдејќи таму не правејќи ништо.


Нешто не беше во ред, но не знаев точно што. Се додека не погледнав поблиску во рекламата.


Брз Начин Да Се Поправи Секоја Реклама.


Повеќето реклами користеа две или повеќе од следниве:


- Комплициран јазик за да звучи паметно.

- Нејасни или никакви информации за тоа што продаваат.

- Тие даваат приоритет на „ширење на брендот“.

- Слаба или непостоечка понуда.



По некое време разбрав дека единствената работа што можете да ја направите за веднаш да ги подобрите вашите реклами е да користите едноставни зборови што се лесни за читање.


Повеќето луѓе не сакаат да се мачат да читаат се што че му излези, па ако им отежнете тие едноставно ќе ве прескокнат.


Со користење на едноставни зборови не само што допирате до повеќе луѓе, туку и ги терате активно да се вклучат во рекламата. Обезбедете вредност брзо и дајте им лесен начин да ве контактираат.


Разбирањето на ова може да биде голема разлика во тоа што вашите реклами согоруваат пари или создаваат пари.


Сега можете да изберете да одвоите време за да го научите и имплементирате ова сами или да работите со нас, а ние можеме да го направиме тоа за вас. Доколку сакате да знаете што можеме да направиме испратете ни порака за да стапиме во контакт.


Commenti


bottom of page