top of page
Roberto Aceski

Едноставни, Но Ефективни Начини Како Да Привлечите Луѓе На Вашата Веб-страница

Кога ја креирате вашата веб-страница, супер возбудени сте и им ја покажувате на сите, надевајќи се дека ќе бидат ентузијасти како вас.


Кога конечно ја средите и ја покажете, реакцијата на сите е иста како кога ќе им пратите "смешно" видео од мачки.


Чувствувате дека тоа се само тие и откако ќе ја завршите веб-страницата, седите чекајќи да почнат да идат повици.


После неколку часа и 0 повици , реалноста почнува да удира како тон цигли.


Никој не ти се јавува затоа што никој не те знае.


Затоа ќе разгледаме неколку начини како да добиете БЕСПЛАТНИ посетители на вашат веб-страна.


Бесплатни Начини Да Добиете Илјадници Посетители На Вашата Веб-страна


Сфатете ги како алатки, секој од нив поединечно ја завршува работата, но не сакате да сечете дрво со чекан кога имате моторна пила.


Користете зборови за да бидете први на Google Search - SEO


Зборовите што се појавуваат на вашата веб-страница се дел од SEO или search enging optimization.


Ова е кога ставате релевантни зборови и реченици на вашата веб-страница кои се поврзани со она што вашите клиенти ќе го бараат на Google.


Размислете кога вашиот идеален клиент оди на Google, кои зборови би ги употребил?


Напишете ги сите зборови, сите можни варијации. Треба да ги ставите овие зборови на вашата веб-страница за Google да знае дека сте вистинскиот човек за таа работа.


Создавање Содржина


Ова е убедливо најлесниот и најефективниот начин да ја покажете вашата стручност и компетентност во она што го правите.


Започнуваме со пишување на блог. (Ова е одлична можност да се практикува SEO).


Откако ќе имаме блогот, постојат повеќе начини да направиме 10 пати повеќе содржина.


Да почнеме со едноставно препишување на блогот, што ќе ни даде Email Newsletter.


Скратуваќи го блогот во основните идеи, добиваме 3-4 објави на социјалните мрежи.


Намалувајќи го уште малце, можеме да добиеме 5-7 X(Twitter) објави.


Задржувајќи ја истата идеја, но затегнувајќи ја на скрипта од околу 30 секунди, имаме кратко видео за reels.


Сега да ги смениме брзините, да го истегиме до 7-10 минути, можеме да создадеме видео во долг формат.


Следите досега?


Отидовме од:

 Блог → Email Newsletter → 3-4 објави на социјалните мрежи —> 5-7 X објави → Reels —> Видеа со долг формат


Користејќи еден блог, објавивме 10+ делови од содржината и нивната главна цел е да ги привлечат луѓето на вашата веб-локација.


И ова е само со еден блог, замислете што можеме да направиме со повеќе.


Маркетинг по е-маил

Создавањето мејлинг листа ни помага да бидеме редовно пред потенцијалните клиенти. И користејќи ја стратегијата што ја споменав погоре, нема да имате проблем да пишувате содржина.


Тие ве гледаат секоја недела и добиваат е-емаил со вредни содржини, акции и понуди.


Редовно сте во нивното сандаче, можи да се речи дека повеќе ве гледаат вас него ли нивните деца.


Дури и ако на почетокот не се заинтересирани, поголема е веројатноста да купат колку подолго ве гледаат.


Бидејќи никој не им праќа мејлови како тебе, каде на друго место ќе одат?


Забележете како сите три начини се меѓусебно поврзани.


Секако, постојат илјадници совети и трикови што можете да ги користите за да добиете уште подобри резултати, а ако сакате да видите како можеме да ви обезбедиме повеќе прегледи на вашата веб-страна, пополнете го овој формулар и ние ќе ви одговориме што е можно поскоро.

Comments


bottom of page