Сите знаеме некој кој не престанува да зборува. Секогаш кога ќе го видиш, тие секогаш џагорат за рандом теми или интереси што ги имаат.
Ако одвоите малку време и слушате што зборуваат, ќе забележите дека 90% од времето се што излегува од нивната уста е глупост.
Во деловниот свет, ова се нарекува „корпоративен жаргон“, но ние го нарекуваме „вафлинг“.
И тоа е нешто што треба да го избегнувате, дозволете ми да ви кажам зошто.
Што е „вафлинг“ и Зошто Да Се Избегнува?
Сфатете го тоа како да сте ја извале човечноста од разговорот. Кога се користи, реченица ја губи смислата.
Ќе видите што мислам, погледнете ја овај е-маил што го добив пред неколку дена.
Ова беше отворањето:
„Се надевам дека овај е-маил ќе ве најде добро. Посегнувам затоа што верувам дека "Името На Компанијата" може да понуди вредни решенија за да и помогне на "Мојата Компанија" да расте и да напредува на денешниот конкурентен пазар“.
Пред да ја расечеме оваа гадост, сакам да имаш нешто на ум. Кога стапуваме во контакт со некого без разлика на причината, секогаш сакаме брзо да дојдеме до поентата.
Не е важно дали се работи за е-маил, телефонски повик, писмо, гулаб-носител или сигнал од чад.
Зошто?
Затоа што луѓето се зафатени и не им е гаље што имате да кажете ако тоа не им е од користи.
Сакаме брзо да дојдеме до поентата и тоа го правиме со отсекување на целиот пасивен јазик. (Што е друг збор за вафлинг)
Како Засекогаш Да Го Поправите Вафлингот.
Вашата цел треба да биде да ја направите реченицата читлива за да може 10-годишно дете да разбере што сакате да кажете.
Ајде да го видиме ова на дело.
Одиме од ова:
„Се надевам дека овај е-маил ќе ве најде добро. Посегнувам затоа што верувам дека "Името На Компанијата" може да понуди вредни решенија за да и помогне на "Мојата Компанија" да расте и да напредува на денешниот конкурентен пазар“.
За ова:
Го најдов вашиот бизнис кога барав "бизниси" во "нивната област."
Што мислите, која реченица е повеќе човечка и помалку вонземјанска? Луѓето реагираат позитивно кога знаат дека разговараат со други луѓе.
Ајде да погледнеме уште еден:
„Би сакал да имаме можност да разговараме за тоа како можеме да ги поддржиме вашите деловни цели. Дали би биле достапни за краток повик или состанок следната недела? Ве молам дозволете ми да знам време кое работи за вас“.
Вафлингот е додавање зборови или цели реченици кои немаат никаква работа да бидат таму и не додаваат никаква вредност во реченицата.
Како чудното дете на забавите во средно училиште, повеќето луѓе го игнорираат, а некои нема ни да забележат дека бил таму.
Користењето на пасивен јазик како овој го прави вашето пишување плашливо и кревко, а никој не сака плашливост или кревкост.
Сега ајде да го претвориме ова во нешто по човечко.
Од:
„Би сакал да има можност да разговараме за тоа како можеме да ги поддржиме вашите деловни цели. Дали би биле достапни за краток повик или состанок следната недела? Ве молам дозволете ми да знам време кое работи за вас“.
До:
„ Дали ќе ви помогне ако имаме брз повик еден од овие денови за да видиме дали можам да помогнам? ”
Со избегнување на пасивен јазик и отсекување на вафлинг, се погрижуваме секоја порака што ја испраќаме да биде јасна и разбирлива за личноста на другиот крај.
Овозможувајќи им лесно да одговорат.
П.С. Ако сакате да знаете како можете да го елиминирате вафлинг и да ја натерате секој потенцијален клиент да зависи од секој збор што ќе го кажете, можете да го направите тоа со пополнување на овој формулар .
Comentários