top of page
Roberto Aceski

Два Лесни Начини За Да Го Привлечете Вниманието На Вашиот Идеален Клиент.

Во идеален свет привлекувањето на вниманието на вашиот идеален клиент е исто толку лесно како да го повикате неговото име.


Бидејќи не живееме во идеален свет, треба да бидеме малку креативни со тоа како привлекуваме внимание.


Најдовме 2 начини на кои доколку ги разберете, ќе можете да се појавите пред вашите клиенти.


Звучи интересно?


Продолжете да читате, до крајот на оваа статија ќе знаете точно како.


Вниманието и интересот одат рака под рака. За да стекнете интерес, ви треба внимание, а за да привлечете внимание, треба луѓето да сакаат да видат за што зборувате.


Па, како да привлечете внимание?


Обидете се на старомоден начин викајќи гласно и видете кој ќе одговори, но најчесто како бездомник на железничката станица ќе ве игнорираат.


Секако, некој може да ви се јави, но нема гаранција дека тој ќе биде вистинскиот избор за вас.


Истото важи и со насловите за вашите реклами. Не треба да бидат за сите.


Но, ако го промениме и размислиме што сака да чита нашиот клиент, тоа ни ја олеснува работата малку, знаеме на кого треба да му продадеме.


Голема грешка што се прави е во мислењето дека ако продавате на сите ќе имате поголема публика.


Тоа веќе не е така, кога некој носи одлука тоа го прави во дел од секундата. Тоа би било најдобро време да го привлечете нивното внимание.



Искористување На Таа Стотинка



Се трудиме да се ставиме во кожата на нашиот идеален клиент најдобро што можеме.


Почнете да размислувате за сè за што би размислувале. Ова помага кога знаеме на кого му продаваме.


Затоа мораме да разбереме кој е нашиот клиент.

- Што прават.

- Како мислат.

- Кои се нивните најголеми проблеми.

- Како носат одлуки.


Разбирањето на нашите идеални клиенти е клучно за да ги заинтересирате.


И со разбирање на нивните проблеми, можеме да обезбедиме лек кој ќе го гарантира нивното внимание.


Сакаме да дознаеме што сакаат да видат.


На што би застанале и нивниот интерест би се принасочил на нас.


Кога пишуваме наслови знаејќи го ова, ќе биде лесно да го повикаме нивниот проблем на почетокот и да им го дадеме решението подоцна.


Најдобар начин да го направите ова е да ги приспособите вашите решенија да одговараат на вашиот идеален клиент.


Само така ќе го освоите нивното внимание во таа стотинка.


Ако ова звучи лесно, тогаш можеме да го направиме уште полесно.


Контактирајте не денес и ние бесплатно ќе го разгледаме вашиот маркетинг план и ќе видиме што можеме да направиме.

Comments


bottom of page